Monday, December 9, 2013

Лулица

На мојата улица од студот
одам подгрбавен како старец
и не се грижам воопшто
што металната врата
треска зад мене
од болката што станала
секојдневие.

Никогаш не реков дека сакам
да бидам пречекан и удостоен со поздрав
иако знам дека ќе ми недостасува
топлината од поздравот
не заради симпатијата која и не ми треба
туку заради добрината што извира
од тие обични души
што ме создале од љубов.

И немам што повеќе да пишувам
затоа што повеќе и не читам
мудрости и вести од важните господа
а не сум ни од оние со дарба
благословени да видат
без да дознаат
што чудило станало тука.
Носам една јарост
но и една безгрижност
што се раствора во секоја песна
како коцкичка шеќер во остинато кафе
што го пијам пред да заминам и заборавам
додека не се сретнам повторно
во некоја нова улица.


Thursday, December 5, 2013

Увод во уништување и повторно раѓање

Неколку зборови кажани
ножеви расфрлани
месо и крв исцицани
да ги искористев нив
со сигурност ќе пишев
нешто поубаво
подраго
прифатливо
за вас и нас
за тебе и мене

Неколку минути дневница
исчукани фрази
нацртано сеќавање
извадени слики од друга
затоа што нели времињата
беа подобри порано
за разлика од сегашноста
каде ги имаме само оние
болките и грешките
оставени
и грижите за утре
за постела и топлина

Неколку реченици
искажана желба за безгрижност
мало блеснување на една неважност
што сакаш да ти постанам
да станам вистински далечен
наместо лажен како сега
да постанам грд
осамен
и неважен
за спомен

Труп
ладен камен
кој што инспирација
не може да исцрпи
од љубов
што се полива
со вода
посрана